Шпицата за новата сезона на серијалот во фокусот го има Скопскиот брутализам. Ја изработи познатиот македонски режисер Георги Унковски.
Во видеото се користени брзи резови, храбри VFX ефекти и вештачка интелигенција, под водство на продуцентот на серијалот Дејан Пановски од Вертиго продукција.
https://www.instagram.com/p/DRSVL5PjUf4/?hl=en
Музиката е авторско дело на артистот Вански, Матеј Ваневски, која е доработена за потребите на серијалот.
Првата епизода од втората сезона од серијалот „Низ град со Кики“ ќе се емитува на програмата на МРТ1 во сабота, 22 ноември, во 19:15 часот и на Youtube каналот на Кики Мукаетова.
Епизодата е посветена на средношколците и носи наслов: Реалноста зад митовите. Направена е со непосредни интервјуа со средношколци од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје.
https://www.instagram.com/p/DRUe4K_Dnzo/?hl=en
На тема животот на средношколците, Кики Мукаетова неодамна ја издаде својата прва песна „Loop”.
https://www.youtube.com/watch?v=-OSoYGNyNUA