Украина и Саудиска Арабија потпишаа договор за воена соработка

by irena 11:30
11:30

Украина и Саудиска Арабија потпишаа договор за соработка во областа на одбраната, кој ги поставува темелите за идни договори, технолошка соработка и инвестиции, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски, кој е во посета на Саудиска Арабија, изјави дека договорот е потпишан пред средбата со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

– Подготвени сме да ја споделиме нашата експертиза и системи со Саудиска Арабија и да работиме заедно за зајакнување на заштитата на животот – напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Слични вести