Украдено „југо“ во Кочани: Полицијата го приведе крадецот и го врати возилото на сопственикот

by irena 13:17
13:17

Вчера во 11:00 часот на ул.„9 Мај“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Т.В.(50) од Кочани поради сомнение дека сторил кривично дело „одземање моторно возило“, односно дека одзел патничко возило „југо“ сопственост на К.Ѓ. од село Оризари, кочанско.

Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични вести