Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење

by irena 13:09
13:09

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило.

Еден возач во Кичево управувал возило иако имал активна забрана за управување, а петмина (тројца во Скопје, еден во тетовско и еден во Гостивар) возеле иако немале возачка дозвола.

Возачот во Гостивар бил и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести