149
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило.
Од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола.
Возачот во Тетово е малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол.
Двајца возачи во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач, исто така, во Гевгелија, управувал возило со активна забрана.
Додека, еден возач во Велес управувал возило со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.