Уапсени се 16 возачи за безобѕирно возење – 14 од нив биле без дозвола

by irena 14:45
14:45

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол.

Полицијата соопшти дека во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник).

Едно лице во Велес управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, додека друго управувало возило со активна забрана.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести