Уапсени се 15 возачи – од нив 13 возеле без дозвола

by irena 15:21
15:21

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, информираат од МВР.

Од нив 13 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол.

Шест лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и Македонски Брод возеле без возачка дозвола.

Додека, по едно лице во Скопје и Велес управувале возило под дејство на алкохол.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести