93
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“ – информира Министерството за внатрешни работи.
-Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – посочуваат од МВР.