Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење – осуммина биле без возачка дозвола

by irena 16:40
16:40

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола.

Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести