Уапсени 29 фудбалери во Турција поради местење натпревари

by irena 13:05
13:05

Турските власти денеска наредија апсење на 46 лица, меѓу кои 29 фудбалери, како дел од истрага за местење натпревари, објави тамошното обвинителство.

Меѓу уапсените е и Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, актуелниот трикратен шампион на Турција, а обвинителството не ги откри идентитетите на другите фудбалери.

Мерт Хакан Јандаш, играч на Фенербахче, уште еден голем клуб од Истанбул, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.

Обвинителите, открија дека досега се уапсени 35 од 46 барани лица, исто така наредиле апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат на исходот“ од натпревар меѓу нив во третата лига во сезоната 2023/2024.

Слични вести