Уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола, а петмина под дејство на алкохол

by valentina 14:19
14:19

Од МВР информираат дека ви текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило.

-Од нив, петмина (два во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) управувале возило без возачка дозвола, а петмина ( по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Слични вести