Уапсена е жена од Богданци – украла телефон од вработена во гевгелиската болница

by irena 12:20
12:20

МВР информира дека вчера попладне во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ – Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата.

Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот, против М.П. ќе биде поднесена кривична пријава.

Слични вести