Уапсен возачот кој вчера прегази пешак во центарот на Скопје

by irena 11:28
11:28

МВР информира дека вчера претпладне во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(48) од Скопје, удрило во пешакот К.К.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Слични вести