139
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14:20 часот го лишиле од слобода А.Ѓ. (42) од Скопје, по пријава дека во Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа упатувал закани кон вработена и членовите на нејзиното семејство.
Според информациите од полицијата, тој се обидел и да ѝ одземе службен документ на вработената.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.