72
Уапсен е Џевер Имери, помошник директор во Секторот за административни и технички работи во Царинската управа.
„Фокус“ неофицијално дознава дека тој побарал мито од 15.000 евра.
МВР, неофицијално, обезбедило обележани парични средства кои му биле предадени на осомничениот.
По преземањето на парите, Имери не застанал на полициските наредби и се дал во бегство.
По преземените мерки и активности, полициските службеници го фатиле и го лишиле од слобода.