192
МВР информира дека доцна синоќа во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Б.А.(42) од Велес.
При сообраќајна контрола на улица „Сараевска“ во Велес, сопрено е патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки кое го управувал Б.А. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,82 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.