1
Кумановец е приведен доцна синоќа откако физички ја нападна својата мајка.
– На 01.10.2026 во 22:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ш.Ш.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 68 годишна мајка – информираат од Секторот за внатрешни работи – Куманово.
Од полицијата велат дека тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.