Уапсен е 32 годишник од ресенско село – возел мотор со 1,93 промили алкохол во крвта

by irena 16:18
16:18

Жител на ресенското село Јанковец (32-годишен) е уапсен откако е затекнат како вози мотоцикл под дејство на алкохол, иако веќе имал активна забрана за управување со моторно возило.

Од МВР информираа дека синоќа во 20:55 часот, на градскиот плоштад во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при сообраќајна контрола запреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од К.Н.(32) од село Јанковец.

При алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 1,93 промили алкохол во крвта.

Било констатирано и дека тој управува мотоцикл и покрај тоа што имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични вести