Уапсен е 24-годишник, ја нападнал бремената сопруга

by irena 14:42
14:42

МВР информира дека вчера попладне во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.С.(24), постапувајќи по претходна пријава дека на 16. овој месец во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести