Уапсен е 16 годишник – возел автомобил, а немал положено

by irena 11:35
11:35

Малолетник возел „ауди“ без да има положено за возачки испит. Уапсен е и ќе следи соодветна пријава.

– На 26.09.2026 во 17:30 часот во Гостивар, во присуство на родител, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од село Видуше бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди“ без да се стекне со право за управување моторно возило, соопштија од тетовската полиција.

Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести