Уапсен Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило

by irena 11:07
11:07

Црногорската полиција го уапси Ацо Ѓукановиќ, брат на поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, откако вчера беше претресен неговиот имот во населбата Растоци во близина на Никшиќ и во Подгорица.

Се чека официјално соопштение од Полициската управа, но порталот RTCG потврди дека Ѓукановиќ е уапсен. Полицијата претходно ја опколи зградата во центарот на Подгорица каде што живее Ацо Ѓукановиќ.

Претресот заврши синоќа околу 19 часот. Зградата на улицата Вук Караџиќ, во која се наоѓаат и канцелариите на Прва банка, во која Ѓукановиќ е мнозински сопственик, беше под интензивен надзор.

Операцијата беше спроведена по наредба на Основното државно обвинителство во Подгорица.

Слични вести