189
Авион „Ер Трактор АТ-802“ се урна вчера во близина на Сењ, во Хрватска, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.
Пилотот, Хасан Бахар(45), почина. Тој е истиот пилот кој го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција, на 29 август годинава.
Пријавата за исчезнување на авионот од радарот од Хрватската контрола на воздушната пловидба била регистрирана во 16:53 часот, а во 17:11 часот била примена пријава за падот и пожарот.
Спасувачите многу брзо пристигнале на местото на падот. Пожарот бил локализиран околу 18:00 часот, а пожарникарите го забележале јагленисаното тело на пилотот.