Адвокатот на еден од обвинетите во судскиот процес за „Онкологија“, Владимир Туфегџиќ вели дека вештачењата се проблематични и за обвинетата наведуваат дека начинот на лекување не влијаел и не допринел за влошување на здравствената состојба која како последица предизвикала смрт кај пациентот. Тоа е опис на обвинението за неа, вели Туфегџиќ.
-Мојот клиент е под режим на обвинителен предлог и во тој дел доказите не биле предмет на оценка, а доказот е обезбеден во текот на вчерашниот ден. Бараме податоци и за докторот кој го изготвил вештачењето во Србија дали евидира во евиденција на вешти лица. Обвнинението содржи процесни пропусти кои се од апсолутен карактер. Веќе го најавивме нашето вештачење, рече Туфегџиќ пред новинарите.
Според него, овој предмет има посебна тежина бидејќи негов близок роднина почина од оваа болест и тој беше кај лекарката на третман, иако по првичната дијагноза му беа дадени прогнози ќе поживее уште шест месеци, благодарени на третманот, поживеа 2,5 години, можеби и повеќе. Адвокатот вели третманот не се разликува од она што денеска го имаат како предмет на обвинение.