Водејќи се од заложбата за овозможување современи и достапни банкарски услуги, ТТК Банка од 8 октомври 2025 година воведува поповолни услови во платниот промет и ја проширува понудата на платежни услуги со овозможување кредитни трансфери во евра преку европската платежна шема СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area).
Со измената на Тарифата за надоместоци на услуги се укинуваат и намалуваат дел од надоместоците за извршување платежни услуги за физички и за правни лица, со посебен акцент на МИПС плаќањата како и на електронските плаќања преку дигиталните канали. Поттикнувањето на користењето платежни услуги преку интернет – ТТК Е-банк и преку мобилната апликација – ТТК М-банк, е дел од заложбите на Банката за унапредување на дигитализацијата и за развој на одржливи решенија во платниот промет.
Воведувањето на кредитните трансфери преку СЕПА ќе овозможи побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, по поволни услови споредливи со оние во земјите од еврозоната.
Преку сите овие новини, ТТК Банка ќе им понуди на своите клиенти поедноставено, поповолно и понапредно банкарско искуство, усогласено со европските стандарди и современите трендови во платниот промет.
За повеќе информации за новите услови за СЕПА кредитните трансфери и изменетата тарифа, посетете ја најблиската експозитура на ТТК Банка или следната врска: Известување за измена на надоместоци со примена од 8.10.2025
ПР објава