ЦУК: Шест активни пожари во Македонија

by irena 13:49
13:49

До 12:30 часот попладнево, на територија на државата се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор од кои шест се активни, а три пожари се изгаснати.

Активни пожари:

Општина Дојран: Кај село Николич гори нискостеблеста шума.

Општина Чучер-Сандево: Пожар на нискостеблеста шума кај село Горњани.

Општина Велес: Мешана шума гори кај селата Џидимирци и Крушје.

Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина има пожар на деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Општина Гази Баба: Кај село Раштак кон село Љуботен гори ѓубре.

Општина Сарај: Пожар на ѓубре кај село Крушопек кон село Лака.

Изгаснати пожари:

Општина Битола: Пожар на ѓубре во населбата Баир е изгаснат.

Општина Кичево: Изгаснат е пожар на дива депонија на улица Прилепска.

Општина Кратово: Пожарот на грмушки и ниска вегетација кај село Туралево е изгаснат.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни и да избегнуваат палење оган на отворено, особено во услови на високи температури.

Слични вести