За време на официјалната посета во Црна Гора, вниманието на јавноста – покрај протоколарните изјави – го привлече и стајлингот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на Балканскиот форум за интеграција 2025 во Подгорица, која на црвениот тепих се појави во елегантен црн палто-фустан со бели детали, комбиниран со црни чизми.
Иако горниот дел од комбинацијата беше класичен и дипломатски софистициран, изборот на обувки пак е сосема погрешен бидејќи зимските чизми ретко се сметаат за соодветни за формален прием од ваков ранг.

Стилските недоследности се особено забележливи кога станува збор за шеф на држава. На официјални настани со јасни протоколарни правила, секој детал има тежина.
Затоа, иако модерните трендови нудат поголема слобода, во пракса се очекува изборот на обувки да биде во согласност со свечениот карактер на настанот.
Во овој случај, визуелниот контраст меѓу формалниот фустан и попрактичните чизми создаде впечаток на недоволно усогласување со дипломатскиот кодекс.

Според протоколарните правила, во дипломатијата, визуелната комуникација често кажува онолку колку и говорите – а понекогаш и повеќе.