Црна Река се излеа во атарите на неколку демирхисарски села

by irena 09:31
09:31

 

Вчера Црна Река повторно се излеа во демирхисарските села. Претходно беше излеана во селата Бараково и Граиште, а сега се зафатени и други села.

На социјалните мрежи се појави видео од излеаната и надојдена река.

„Денеска Црна Река повторно се излеваше, а состојбата со поплавените површини воопшто не е подобрена. Напротив, стотици хектари земјоделско земјиште во атарите на селата Бараково, Вардино, Граиште, Единаковци и Света и понатаму се под вода. Ова значи продолжување на штетите, дополнително уништување на посевите и уште поголема неизвесност за земјоделците кои живеат од својот труд.“ – стои во објавата.

Слични вести