Царината заплени повеќе од 40 000 парчиња пиротехника на ГП „Блаце“

by irena 16:14
16:14

Повеќе од 40 000 парчиња пиротехника – петарди и огномети се запленети во акција на Царинската управа. Делото е откриено на Граничниот премин „Блаце“ при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички, а сторителот е македонски државјанин од Гостивар. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи.

„При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим забележале дека задните седишта се спуштени, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства“, наведуваат од Царинската управа.
Утврдено е оти сторителот ја набавил пиротехниката од Приштина и сакал нелегално да ја внесе во земјава.

Од Царината посочуваат дека ќе продолжат со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност.

Слични вести