Тројца уапсени во Гевгелија – кај нив е пронајдена дрога

by irena 10:16
10:16

МВР информира дека вчера во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода 26-годишниот И.Т. од Гевгелија.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и бела грутчеста материја, 30 таблети и други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја.

При преземање на службени дејствија, во близина на домот на И.Т. биле затекнати С.Џ.К.(19) и Х.А.(25), двајцата од Гевгелија, а при преглед кај нив, кај С.Џ.К. било пронајдено пакување со марихуана, по што и тие се лишени од слобода.

За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести