Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица, меѓу кои и малолетно девојче, се повредени.
Како што информираат од МВР, при претрес на повеќе локации во тетовското село Гајре биле пронајдени предмети од интерес на истрагата.
„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“, додаваат од МВР.
Вчера околу 12 часот напладне во Тетово се случи вооружена престрелка во која едно лице го загуби животот, а четири лица, меѓу кои и малолетно девојче, беа повредени.
Пукањето се одвивало меѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна несреќа. Возилата потоа го напуштиле местото на инцидентот.