161
На 30.11.2025 година во 02:30 часот, во село Велгошти, охридско лишени од слобода се А.Љ.(37), З.Т.(41) и Ј.М.(31), сите од истото село.
Тие се затекнати во домот на А.Љ. каде, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, по судска наредба, извршија претрес и пронајдоа најлонски опаковки со бела прашкаста материја и марихуана, како и други предмети со остатоци од дрога.
Истите се одземени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.