15
МВР информира дека доцна синоќа во 22:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Стража, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.И.(34) од с. Чегране, во кое како сопатник бил Х.К.(28) од Гостивар, и патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Тетово со сопатник Ф.Ј.(21) од Тетово.
Во несреќата, од страна на лекар од Итна медицинска помош на лице место е констатирана смрт кај возачот Д.Н., додека останатите три лица се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.