Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат село Караорман – Штип

by irena 21:28
21:28

Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат село Караорман – Штип.

Од СВР Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата.

За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари.

Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница за укажување лекарска помош.

Од СВР-Штип најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Регионалниот пат село Караорман – Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот. Тој дел од патот каде што се случила сообраќајката, помеѓу општините Штип и Карбинци, е познат како црна сообраќајна точка бидејќи често се случуваат несреќи.

Слични вести