Тројца мажи нападнати од своите жени – во Берово, Скопје и во Велес

by irena 13:40
13:40

МВР информира дека вчера наутро во 08:30 часот во ОВР Берово, 45-годишен маж од беровско пријави дека на 06. овој месец околу 19:00 часот, по претходна расправија во семејниот дом, тој и малолетниот син биле физички нападнати од неговата 34-годишна сопруга од беровско.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во 11:30 часот, пак, во СВР Скопје, 44-годишен маж пријави дека исто така на 06. овој месец во домот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата сопруга А.Б.(37).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

И во Велес вчера е пријавен напад од сопругата кон сопругот.

Полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 54-годишната К.Т. и Д.С.(51), двајцата од Велес.

Претходно, 56-годишен велешанец пријави дека во домот, неговата сопруга К.Т. физички го нападнала.

Исто така, тој пријави дека на 02. овој месец сопругот на неговата вонбрачна партнерка Д.С., телефонски му се заканувал.

Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Слични вести