Тројно убиство и самоубиство во Тулуз – меѓу жртвите има и двегодишно дете

by irena 15:47
15:47

Француската полиција пронајде три безживотни тела во куќа во градот Тулуз, меѓу кои и двегодишно дете, неговата мајка и жена на возраст од околу шеесет години.

Нешто подоцна бил пронајден и маж, кој најверојатно извршил самоубиство, објави денеска весникот „Фигаро“.

Телата на жртвите биле пронајдени во текот на ноќта меѓу вторникот и средата, а пронајдениот маж е таткото на детето, наведува весникот.

Според извор од полицијата, полициските службеници претходно биле повикани на таа локација поради семеен конфликт, но не успеале да стапат во контакт со учесниците во конфликтот.

Слични вести