277
Владата има ставено јаткасти производи и егзотични овошја во нејзиниот предлог за кошничката кои работникот не може ни да си го дозволи, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Срамно Владата да се фали со покачување на минимална плата од 1,500 денари, рече – меѓу другото, Трендафилов.
Тој најавува протести и штрајкови ако не се покачи минималецот и предупредува дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи во Хрватска, нешто што, според него, треба да ги загрижи домашните компании и Владата.