Трамп: Украина е виновна за порастот на цените на нафтата, а не војната на Блискиот Исток

by irena 19:13
19:13

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги обвини украинските напади врз руските рафинерии за зголемувањето на цените на дизелот во САД, тврдејќи дека прекините во производството на руско гориво се поголем фактор од војната на Блискиот Исток, објави „Киев пост“.

Зборувајќи од Овалната соба, Трамп рече дека евентуалната забрана за извоз на дизел од САД би можела да ги намали домашните цени на дизелот, иако предупреди дека тоа би имало негативно влијание и врз цените на бензинот.

Трамп рече дека војната во Украина, вклучувајќи ги нападите од двете страни што го нарушија производството и извозот на енергија, е главниот фактор зад порастот на цените на дизелот.

„Знаете, дизелот е многу повеќе погоден, не поради ситуацијата на Блискиот Исток, туку поради она што се случува во Русија, бидејќи тие рафинерии за дизел се уништуваат со прилично алармантна брзина“, рече тој.

„И да не се случеше тоа, немаше да имаме проблем со дизелот. Она што се случува меѓу Русија и Украина е навистина најголемиот проблем кога станува збор за дизелот“, додаде Трамп.

Слични вести