Трамп: Со Гренланд во наши раце, НАТО станува помоќен

by irena 15:26
15:26

Претседателот на САД – Доналд Трамп денеска изјави дека „сè што е помалку“ од американската контрола врз Гренланд е „неприфатливо“, тврдејќи дека на САД им е потребна територијата за цели на националната безбедност, што пак би можело да го зајакне НАТО.

„НАТО станува многу помоќен и поефикасен со Гренланд во рацете на САД“, напиша Трамп во утрински пост на Truth Social.

„Сè што е помалку од тоа е неприфатливо“ порача тој.

Трамп го повтори своето тврдење дека стекнувањето на Гренланд е клучно за националната безбедност на САД и „од витално значење за Златната купола што ја градиме“, алудирајќи на системот за ракетна одбрана што го развива Пентагон.

Тој исто така рече дека лидерите на НАТО треба да извршат притисок врз САД да го добијат Гренланд.

„НАТО треба да го води патот за да го постигне тоа. АКО НЕ ГО НАПРАВИМЕ НИЕ, РУСИЈА ИЛИ КИНА ЌЕ ГО НАПРАВАТ, А ТОА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ! Воено, без огромната моќ на Соединетите Американски Држави, која јас ја изградив во најголем дел за време на мојот прв мандат, а сега ја кревам на ново и уште повисоко ниво, НАТО не би бил ефикасна сила или средство за одвраќање – Ниту приближно! Тие го знаат тоа, а и јас“, напиша Трамп во објавата.

Слични вести