163
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалната мрежа Truth Social објави дека Украина и Русија договориле 3-дневно примирје, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја страна.
„Со задоволство објавувам дека ќе биде воспоставен тридневен прекин на огнот (9, 10 и 11 мај) во војната меѓу Русија и Украина“, напиша Трамп.
Тој додаде дека Денот на победата се слави во Русија, но и дека Украина била „голем дел и важен фактор во Втората светска војна“.
„Примирјето ќе вклучува прекин на сите борбени активности, како и размена на 1.000 затвореници од секоја земја“, напиша тој.