Трамп не сака да се сретне со Путин додека не е сигурен дека ќе постигнат договор: „Нема да губам време“

by irena 09:23
09:23

Американскиот претседател Доналд Трамп не планира средба со рускиот претседател Владимир Путин се додека не верува дека е постигнат договор што ќе обезбеди мир меѓу Русија и Украина.

„Мора да знаеме дека ќе постигнеме договор, нема да губам време“, изјави Трамп во Доха.

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, претходно за Си-Ен-Ен во Вашингтон изјави дека верува оти неговата земја, САД и Украина се блиску до дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Потоа Дмитриев рече дека средбата меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажана, како што изјави американскиот претседател, и дека двајцата лидери веројатно сепак ќе се сретнат.

Слични вести