128
Доналд Трамп објави дека ќе испрати 5.000 американски војници во Полска.
Како што рече Трамп, неговата одлука е заснована врз добрите односи со полскиот претседател Карол Навроцки.
„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого со гордост го поддржав, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Во изминатите недели, Белата куќа навестуваше дека планира да го намали бројот на своите трупи во Европа, согласно политиката „Америка на прво место“.
САД притоа соопштија дека ќе повлечат 5.000 војници од Германија, по спорот на Трамп со канцеларот Фридрих Мерц околу војната во Иран.