Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Израелците не треба да се грижат за најновата ескалација на односите меѓу САД и Иран, која предизвика потреси низ Блискиот Исток.
„Израел не треба да се грижи. Знаете зошто? Затоа што јас сум претседател и ќе се погрижам за Израел“, рече Трамп во телефонско интервју за израелскиот јавен сервис „Кан“, откако Иран изврши напади врз неколку земји од Блискиот Исток кои се сојузници на САД, но се воздржа од напад врз Израел во овој бран на конфликт.
Министерот за одбрана Израел, Кац претходно денеска изјави дека Израел е подготвен да одговори „исклучително силно“ доколку Иран го нападне за време на претстојните еврејски празници, кои започнуваат следната недела, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Централната команда на американската војска (CENTCOM) денеска соопшти дека успешно е завршена серијата напади врз ирански воени цели, започната на 1 септември.
„Американските сили нападнаа цели на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC), вклучувајќи позиции за противвоздушна одбрана, радарски системи, поморски објекти и средства, капацитети за поставување мини и локации за комуникација“, се наведува во соопштението на CENTCOM.
Се додава дека „нападите уследија по неодамнешните обиди на IRGC да нападнат комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец и американски војници“.