Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, веќе слетаа во воената база на Алјаска, каде ќе се водат разговорите.
Портпаролката на Трамп им изјави на новинарите дека Трамп и Путин нема да разговараат насамо на денешниот состанок на Алјаска.
-На претходно планираната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе учествуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф – објави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.
Трамп изјави дека би бил незадоволен ако Путин не се согласи на прекин на огнот кратко по нивната средба.
-Сакам да видам прекин на огнот. Не знам дали ќе се случи денес, но нема да бидам среќен ако не се случи денес – им рече тој на новинарите во авионот – објави CNN.
Тој, исто така, рече дека Путин е „паметен човек“, но дека и тој е.