Трамп го покани Ердоган во Одборот за мир во Газа

by vlatko 15:48
15:48

Американскиот претседател Доналд Трамп го покани турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да стане член на таканаречениот Одбор за мир, тело кое треба да ја надгледува привремената управа во Појасот Газа, соопшти денеска Кабинетот на турскиот претседател.

Белата куќа претходно ги објави имињата на дел од членовите на Одборот за мир, со кој ќе претседава самиот Трамп.

Меѓу нив се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник на Трамп Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер, како и зетот на Трамп и негов пратеник Џаред Кушнер, пренесува Ројтерс.

Белата куќа засега не ги прецизираше поединечните надлежности на членовите, но најави дека дополнителни имиња ќе бидат објавени во наредните недели.

Покрај Одборот за мир, формирано е и Извршно тело за Газа, кое брои 11 членови.

Неговата задача е да ѝ пружи поддршка на Канцеларијата на високиот претставник на Обединетите нации за Газа, Николај Младенов, како и на палестинското технократско тело кое привремено ќе управува со територијата.

Слични вести