Трамп ги прекина нападите кон Иран, но се закани со целосна војна

by vlatko 08:11
08:11

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за целосна војна со Иран доколку, како шго вели, не добиеме 100 проценти од она што го сакаме.

Во интервју за францускиот канал LCI, тој потврди дека ќе се врати на воен конфликт доколку американските барања не бидат целосно исполнети.

Според „Аксиос“, Трамп ѝ наредил на американската војска да ги прекине нападите врз Иран, со што завршила серијата дневни напади што траеле речиси две недели.

Трамп наводно одбил да ги одобри планираните акции во петокот, иако дал одобрение за нападите во претходните 13 дена.

Засега не е познато дали станува збор за привремена пауза или за поширока промена во стратегијата.

Слични вести