Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека европските земји се согласиле веднаш да ослободат значителни количества дизел од своите резерви, во услови на високите цени на горивата.
“Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел. Процесот започнува веднаш“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
По состанокот на лидерите на Г7 беше потврден договор за координирано ослободување на 100 милиони барели нафта и нафтени деривати преку Меѓународната агенција за енергетика.
Мерката ќе се спроведува во текот на четири месеци, а значително количество дизел треба да биде пуштено на пазарот уште во првите 20 дена.
Земјите од Г7 се договориле и рафинериите да го зголемат производството каде што е можно и да не воведуваат ограничувања на меѓусебната трговија со енергенси.
Во следните денови ќе се разгледува и можноста за дополнително ослободување резерви од дизел доколку биде потребно.
Одлуката доаѓа во период на силен раст на цените на горивата и затегната понуда на дизел на светските пазар