Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ испрати порака до иранскиот народ, со посебен фокус на демонстрантите кои веќе неколку дена протестираат против режимот во Иран. Според актуелните информации, во бурните протести загинале околу 2.000 лица.
Во контексти на овие настани, Трамп најави дека ја стопира комуникацијата со Техеран, истакнувајќи дека нема да се состанува со иранските делегации додека, како што нагласи, не престане „бесмисленото убивање на демонстрантите“.
Во неговата објава, Трамп ги повика иранските граѓани да преземат активни чекори против властите:
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПРОТЕСТИТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ СВОИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запомнете ги имињата на злосторниците. Тие ќе одговараат за своите дела. Ги откажав сите состаноци со иранските функционери додека не престане БЕСМИСЛЕНОТО УБИВАЊЕ на демонстрантите. ПОМОШТА Е НА ПАТ. MIGA!!!“, напиша Трамп.