Универзитетскиот професор, Дејан Трајковски сподели со јавноста дека македонската Влада донесе одлука да се задолжи кај ЕБОР со 20,9 милиони евра за набавка на најмногу пет локомотиви со резервни делови. Според него, доколку навистина се набават пет локомотиви, просечната цена би изнесувала околу 4,18 милиони евра по локомотива, со вклучени резервни делови, што и да се подразбира под тој поим.
„Да ги погледнеме реалните пазарни цени. Најмоќните и најскапите електрични локомотиви на пазарот, од типот Vectron, наменети за дури три различни напонски системи (како што е вообичаено во големите европски земји), чинат до 4,065 милиони евра (2022) –https://www.railvolution.net/news/vectrons-for-mav-start . Локомотивите за два напонски системи чинат околу 3,49 милиони евра, а за еден напон – каков што се користи во Македонија – околу 3 милиони евра најскапите, и тоа за патнички возови“, информира професорот и додава: