Трагична несреќа на скопската обиколница: четворица загинаа во судир меѓу автомобил и камион

by irena 08:25
08:25

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, околу половина час пред полноќ, се случила на скопската обиколница во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил и целосно изгорел.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Велес – Тетово бил пренасочен од клучката Мирковци до клучката Приштина. Обиколницата била затворена речиси шест часа, а нормализирање на сообраќајот е регистрирано утринава околу 05:30 часот.

На местото на несреќата интервенирале полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош, а истражните органи во текот на ноќта извршиле увид.

Слични вести