Голема трагедија се случи во близина на селото Пастух, општина Невестино кај Ќустендил, Бугарија. Двајца возрасни се удавија во реката Струма. Според последните информации, трагично завршила потрагата и по нивните внуци – две деца на возраст од 8 и 11 години, објави БГНЕС.
Постарата двојка била на пикник покрај реката со трите внука, а мажот и жената влегле во водата, која ги однела. Двете постари деца влегле во реката за да им помогнат, но и нив ги однела.
„Телата на двете исчезнати деца, на возраст од 8 и 11 години, беа пронајдени во реката Струма во близина на селото Пастух во Ќустендил. Тие биле пронајдени во близина на местото на инцидентот“, објавија бугарските медиуми.
Шестгодишното дете не влегло во водата, туку почнало да трча и излегло на патот за да повика помош. Детето е во шок, но неповредено.
Мештаните велат дека реката е длабока 8-9 метри.